Header Ads

За нашето училиште


Општинското основно училиште „Невена Георгиева - Дуња“ се наоѓа во непосредна близина на административната зграда на Општина Кисела Вода и  на сообраќајницата „Првомајска“. До самото училиште се наоѓа паркот „Фредерик Шопен”  и детските градинки „Синоличка  и „Кокиче”. Според реонизацијата под нашето училиште спаѓаат следниве улици:
 ул. ,, Балканска,, ; ул. „Есенинова“; ул. „Жил Верн“; ул. „Јордан Филиповски“; ул. „Трпе Петровски“; непарни броеви од  ул. „Сава Ковачевиќ“; дел од ул. „Тодор Паница“; ул.„Ѓорѓи Сугаре“; ул.„Михаил Чаков“; ул. Петар Дељан“; дел од ул.„Борис Трајковски“; од МЗ Усје спаѓаат улиците бр.1,2,3, 22, 4, 26 и 5.